Дома Актуелно Животот пишува романи: Играч на Њукасл има пат како – Сантијаго Муњез!

Животот пишува романи: Играч на Њукасл има пат како – Сантијаго Муњез!

Скоро и да нема фудбалски фан во светот кој во животот барем еднаш не го гледал познатиот филм „Гоал“ каде што главната улога ја игра Сантијаго Муњез.

Филмот го следи животот на младиот Мексиканец кој живее во САД и кој има една желба – да стане професионален фудбалер. Неговите почетоци не беа лесни бидејќи работел во еден кинески ресторан и во исто време тренирал фудбал.

Неговиот живот од корен се промени кога за време на еден натпревар го забележува Глен Фој, еден од скаутите на големиот Њукасл и го вика на проба во тој клуб.

Долго време чекаше да добие шанса во црно-белиот дрес, а кога ја доби ја искористи на вистински начин. Неговата кариера од тој момент оди во нагорна линија после што следи трансфер во Реал Мадрид.

Во овој филм без никакви сомнежи милион деца ширум светот себе си се ставале во кожата на Муњез. Дека животот пишува романи уште еден доказ ни е Мигел Алмирон, 25 годишниот играч на Њукасл.

Малку неверојатно звучи податок дека тој има скоро идентичен пат како и младиот Муњез во тој филм. Алмирон како и Муњез работел во кинески ресторан пред посериозно да започне да се занимава со фудбал.

Младиот Парагваец на „Сент Џејмс Парк“ пристигна благодарение на одличните настапи во МЛС лигата во дресот на Атланта каде што на 62 натпревари постигна 21 погодок. Во Англија пристигна во зимскиот преоден рок и запиша десет натпревари за англискиот клуб.

Уште по неверојатно звучи податокот дека овие денови неговото име се поврзува со Реал Мадрид баш како во познатиот филм од 2006 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Милан и Наполи ги поделија бодовите, Елмас одигра цел натпревар

Во дербито на 13. коло во италијанската Серија А, Милан го пречека Наполи, а натпреварот з…