Натпреварот помеѓу Кливленд и Торонто го обележа жестока тепачка на паркетот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Крилниот центар на Рапторси, Серж Ибака и кошаркарот на Кливленд Маркез Крис буквално се степаа во текот на третата четвртина после што двајцата заработија исклучување.
Се започна откако Крис одигра нешто посилно над Ибака во одбраната. Овој не сакаше да помине преку тоа и тргна кон противникот.
Прво шпанскиот кошаркар го фати за врат Крис, а потоа започнаа да си разменуваат удари.
Не траеше долго, останатите играчи брзо реагираа и ги разделија, но и тие неколку секунди беа доволни да си разменат повеќе удари.
Дилеми за судијата немаше. Ибака и Крис беа исклучени и сега сигурно ги очекува жестока казна.
Serge Ibaka was ready to throw down ?
Both players were ejected after punches were thrown ?
(via @SportsCenter) pic.twitter.com/8gU3R1Q59r
— Yahoo Sports (@YahooSports) March 12, 2019