Македонската најдобра судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов доби уште една потврда од ЕХФ за квалитетот откако се делегирани да го судат финалето во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Завршницата на ракометниот турнир ќе се одигра во „Ланксес Арената“ на 8-9 јуни. Во полуфиналните средби во првиот ден ќе се сретнат Магдебург – Алборг и Кил – Барселона.
Финалето е закажано за еден ден подоцна од 18:00 часот. Начевски и Николов досега во кариерата судеа финалиња на Европско и Светско првенство, па ова е само уште една потврда за нивниот квалитет.