Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ добива нов Комесар за натпреварување: Благојче Тодоровски на местото на Славе Николов

РФМ добива нов Комесар за натпреварување: Благојче Тодоровски на местото на Славе Николов

Ракометната федерација на Македонија во иднина ќе има нов Комесар за натпреварување, оваа функција ќе ја извршува Благојче Тодоровски кој доаѓа на местото на Славе Николов.

Николов и РФМ спогодбено ја раскинаа соработката, а разделбата ја потврдија и од федерацијата.

„Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како ракометен судија на национално и меѓународно ниво спогодбено ја раскинаа соработката со Ракометна Федерација на Македонија во делот на спороведување на програмските активности, упатуваме благодарност за досегашната соработка и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера.

Согласно член 35 од Статутот на РФМ,односно  Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации во текот на денешниот ден е именуван г-дин Благојче Тодоровски на место на г-дин Славе Николов за член на натпреварувачка комисија во рамки на органите и телата на РФМ,  ракометен  меѓународен судија со долгогодишно искуство на национално и меѓународно ниво“, стои во соопштението од РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Николовска со 11 гола го предводеше Спартак до нов триумф над Атлетик

Спартак го отвори осмото коло со победа од 31:22 над Атлетик. Анастасија Николовска и Сара…