Дома Ракомет Начевски и Николов ќе судат на Европското првенство во јануари

Начевски и Николов ќе судат на Европското првенство во јануари

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов одново ќе биде помеѓу европскиот ракометен крем.

После одлично одработените олимписки игри каде што делеа правда во финалето македонските судии ќе имаат чест да бидат дел од Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Со ова делегирање од страна на ЕХФ продолжува континуитетот на нашите судии на најголемите ракометни собири. Не само што ќе бидат дел од првенството, туку тие се и едни од фаворитите за финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Грција со пораз од девет гола го чека дуелот со Македонија во Халкида

Шведска ја совлада Грција со 33:24 во квалификациите за ЕП 2028. Македонските ракометари в…