
Фудбалерите на Интер на 16 јули ќе патуваат во Германија на подготвителниот период пред новата сезона, а она што е желба на Кристијан Киув е до тогаш да обезбеди три засилувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првото е веќе јасно, тоа ќе биде Иван Проведел, голман кој настапуваше за Лацио во претходната сезона и ќе биде платен 3.000.000 евра, но со него нема да биде крајот.
Фудбалер кој е голема желба на стручното раководство на Интер е Омар Соле.
Францускиот фудбалер настапува за Удинезе, а станува збор за стопер кој има само уште една година од договорот, поради што Интер е во одлична преговарачка позиција. Токму тој ќе биде оној кој ќе ја гради иднината на одбраната на Интер и подготвеноста на клубот за идните заминувања на Ацерби, Дармијан и Де Фрај.
Наводно Соле, според информациите на „Газета“, чека само зелено светло од клубот и подготвен е за премин во Интер.
Третата желба – Куртис Џонс. Фудбалерот на Ливерпул можеби ќе мора да биде жртвуван и продаден, цената е околу 30 милиони евра, плус проценти од наредната продажба, а клубовите се блиску до реализација. Интер и Џонс веќе ги договориле сите услови, договор до 2031 година, како што наведе италијанскиот новинар Николо Шира.