Дома Фудбал Тухел се избори за голема промена кај ФИФА

Тухел се избори за голема промена кај ФИФА

Селекторот на репрезентацијата на Англија Томас Тухел успеа да издејствува промена на протоколот на ФИФА за време на Светското првенство, откако се пожали дека поради фотографите не можел да ги види своите играчи за време на изведба на националните химни, пренесоа денеска британските медиуми.

Тухел по победата на Англија над Хрватска 4:2 во Далас изјави дека посебниот момент пред почетокот на натпреварот му бил расипан бидејќи погледот кон теренот му бил затскриен од голем број фотографи.

Ја замолив ФИФА да ја промени позицијата на фотографите за време на химните бидејќи не можев да го видам својот тим. Беше тоа навистина посебен момент, а јас стоев пред ѕид од 50 фотографи и не можев да видам ниту еден играч. Тоа ми го расипа делумно искуството“, рече германскиот тренер.

ФИФА по неговата забелешка прифатила компромисно решение кое ќе важи за сите натпревари каде постои истиот проблем. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кин и Рајт во жестока расправија за Фоден: „Дали има шест години?“

Рој Кин и Jан Рајт влегоа во жестока дебата околу Фил Фоден и неговото однесување по натпр…