Кристиан Ериксен пристигна во јанаури во Интер како големо засилување, но до прекинот на првенството не добиша шанса во стартниот тим.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми откриваат дека Ериксен сега го импресионирал Антонио Конте за време на тренинзите и тренерот конечно е спремен да го стави во стартниот тим.
Се очекува данскиот плејмејкер да биде меѓу стартните 11 на првиот меч после рестартот, на 13-ти јуни против Наполи во полуфиналето од Купот.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Ериксе е во исклучителна физичка форма и Конте го ставил меѓу стартерите во тактичките тренинзи. Поради тоа можно е во продолжение на сезоната „нероаѕурите“ да ја променат формацијата во 3-4-1-2, така што Данецот да игра позади напаѓачкиот тандем Лукаку – Лаутаро.