Дома Останати Тенис Епското ривалство денес добива 40-то продолжение: Се сеќавате каков меч Рафа и Роџер одиграа во 2008?

Епското ривалство денес добива 40-то продолжение: Се сеќавате каков меч Рафа и Роџер одиграа во 2008?

0

И оние кои не се големи љубители на тенисот би можеле да седнат пред ТВ бидејќи Роџер Федерер и Рафаел Надал можеби го играат еден од нивните последни меѓусебни натпревари во кариерите.

Едно од најголемите ривалства во светот на спортот денес ќе доби 40-то продолжениа и тоа на култниот централен терен на Вимблдон каде што последен пат се сретнаа во 2008 година. Тогаш го одиграа еден од најдобрите мечеви историјата на тенисот, а Надал на крајот победи и го освои трофејот.

Во тој меч тогаш видовме пет сета кои траеа цели четири часа и 48 минути.

Денес, 11 години подоцна во поодминати играчки години Надал и Федерер одново се во самата завршница на Вимблдон, а овој пат ќе играат во полуфиналето. Федерер ќе ја „брка“ 16-тата победа во меѓусебните мечеви, а Надал 25-тата.

Двајцата без поголеми проблеми стигнаа до полуфиналето. Надал до сега изгуби само еден сет и тоа во второто коло против Ник Кирјос, додека Федерер изгуби два сета, против Нишикори и Харис.

Нивниот меч е на распоред од 16:00 часот, а во првото полуфинале ќе се сретнат Ѓоковиќ и Роберто Баутиста Агут.

Ќе потсетиме, титулата на Вимблдон ја брани Ѓоковиќ кој во минатото финале го совлада Кевин Андерсон со лесни 3:0 во сетови во полуфиналето.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Елмас е играч на Наполи, Милан сруши трансфер рекорд, Јувентус спреми понуда за Нејмар

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер паза…