Дома Македонски спорт Мак ракомет Епилог од тензиите во дербито: Стоилов суспендиран, Вардар мора да плати 60.000 денари

Епилог од тензиите во дербито: Стоилов суспендиран, Вардар мора да плати 60.000 денари

Саботното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер не помина без инциденти, а тензија имаше и на теренот.

Во финишот од натпреварот најбурен во реакциите беше Стојанче Стоилов кој заработи и црвен картон. За овој црвен картон и реакциите Стоилов ќе биде казнет со еден натпревар суспензија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Стојанче Стоилов, ракометар на РК Вардар 1961 лиценца бр.21, му се изрекува дисциплинска санкција, забрана на настап од 1 натпревар согласно член 114 од ДП на РФМ“, стои во билетенот на РФМ

Освен Стоилов казна заработи и тимот на Вардар кој е казнет со 60.000 денари поради слаба организаицја.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список н…