Дома Фудбал Италија Емотивна изјава на Кандрева: Најлошо е што не можам да си го видам мојот болен татко

Емотивна изјава на Кандрева: Најлошо е што не можам да си го видам мојот болен татко

Фудбалерот на Интер Антонио Кандрева секако не е среќен поради моменталната ситуација, а најтешко му паѓа што е одвоен од семејството.

Играчот за врска на Интер живее во Милано со својата партнерка, но остатокот од неговото семејство се наоѓа во главниот град на Италија, Рим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не очекував слично сценарио на она како во Кина. Симбол на овој период се медицинските сестри во разни болници низ Италија. Страшно е, сакам да им се заблагодарам на сите за големата храброст која ја покажуваат секој ден“.

„Моето семејство е во Рим поради тоа најмногу патам. Не можам да одам да го видам мојот татко кој е болен околу една година. Навистина е лошо. Цело време размислувам за него“, изјави Кандрева.

Десетина играчи од Серија А се заразени со коронавирус.

„Пред се жал ми беше за Даниеле Ругани, но истовремено се грижам за сите нас. Мојата најголема грижа е да не го заразам семејството. Би се чувствувал навистина виновен. Но, ако ги почитуваме правилата, не треба да се грижиме“, додаде фудбалерот на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…