Искусниот фудбалер Антонио Кандрева после четири сезони ќе го напушти Интер.
Кандрева во Интер пристигна летото 2016 година од редовите на Лацио за 22 милиони евра, сега ќе ги напушти „Нероаѕурите“ иако има договор на уште една година. Клубот доведе засилувања на неговата позиција, па Конте одлучи дека Кандрева може да замине.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познатиот Џанлука Ди Марцио објави дека според него 33 годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во редовите на Сампдорија. Се очекува Кандрева со Сампдорија да потпише договор до летото 2024 година, а Интер да заработи 2.5 милиони евра.
#Candreva alla @sampdoria, contratto fino al 2024: 2,5 milioni all’@Inter #calciomercato @SkySport
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 24, 2020