Дома Останати Авто Мото Емотивен финиш на сезоната во Ф1: Алонсо и Рајконен се простија, Хамилтон по четврти пат светски шампион

Емотивен финиш на сезоната во Ф1: Алонсо и Рајконен се простија, Хамилтон по четврти пат светски шампион

0

Британскиот возач, Луис Хамилтон оствари победа во Абу Даби на последната трка сезонава во Формула 1, но сепак трката ја одбележаа, Фернандо Алонсо и Кими Рајконен.

Ниту едниот, ниту другиот не ја одбележаа по фантастичен настап туку поради тоа што денес овие две легенди се простија, едната од Формула 1, а другата од Ферари.

За легендарниот Алонсо ова беше последна трка во шампионатот на Формула 1 и засекогаш ќе остане на оние две титули кои ги освои како член на Рено, на самиот почетокот на кариерата. Од друга страна, популарниот „Ледени Финец“ се прости од Ферари и следната сезона повторно ќе вози за екипата на Саубер во која дебитираше во Формула 1 дамнешната 2001. година.

Инаку, денес Алонсо заврши како 11. додека Кими веќе на самиот почеток од трката мораше да се откаже. За потсетување и Кими своевремено беше светски шампион и тоа баш како член на Ферари.

За крај додаваме дека на втората позиција заврши Себастијан Фетел во Ферари, а третата позиција Макс Верстапен во Ред Бул. Светскиот шампион, втора година во низа и четврти во пет години е Луис Хамилтон.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Драма, гром и кош со звукот на сирената, Звезда е шампион на Србија!

Во четвртиот натпревар од финалето на кошаркарската суперлига помеѓу Партизан и Црвена Зве…