Дома Фудбал Камерите на Супер Боул го уловија Луис Хамилтон: Британецот уживаше во друштво на новата девојка (Видео)

Камерите на Супер Боул го уловија Луис Хамилтон: Британецот уживаше во друштво на новата девојка (Видео)

Еден кадар од трибините беше доволен да ги разбуди социјалните мрежи. Повеќе не се криеја, а Супер Боул стана сцена за нивното прво јавно потврдување на врската.

Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан и седумкратниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон за првпат се појавија заедно во јавноста, и тоа на најголемиот спортски настан во Соединетите Американски Држави – Супер Боул.

Двајцата беа снимени на трибините на стадионот Леви во Санта Клара за време на натпреварот помеѓу Њу Ингланд Патриотс и Сиетл Сихокс, а камерите неколкупати ги уловија заедно, што беше доволно да од гласини преминат во – потврдување.

Видеоснимките брзо се проширија по социјалните мрежи, а реакциите беа речиси едногласни. Фановите коментираа дека Ким Кардашијан по бурниот развод конечно изгледа среќно и опуштено.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…