Дома Македонски спорт Емил Павлов со „карате клип“ на денот на WKF 🎥

Емил Павлов со „карате клип“ на денот на WKF 🎥

Светската карате федерација (WKF) на својата официјална Инстаграм страница, во серијалот најдобри потези на врвнрите светски каратисти, објави видео со еден од најатрактивните потези на Емил Павлов.

Емил со Ипон успеа да го совлада актуелниот светски шампион, Италијанецот Анџело Крешенцо и го освои златниот медал на Премиер лигата во Салцбург, Австрија на последниот голем натпревар пред прекинот на сите активности поради коронавирусот.

Во објавата на Светската карате федерација се потенцира дека Емил е првиот европски сениорски шампион во историјата на македонското карате. Гласањето за најатрактивни акции се одвива на Инстаграм профилот на WKF, а акцијата може да ја преземете од You tube каналот на Карате федерацијата на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Томовски: Разликата не е реална, Словенија ги казни крешките

Македонија со висок пораз од Словенија (31:21) ја отвори втората фаза од Мундијалот во Еги…