Дома Фудбал Англија Емери има еден услов за однесувањето во соблекувалната на Арсенал

Емери има еден услов за однесувањето во соблекувалната на Арсенал

Шпанскиот стратег, Унаи Емери ова лето пристигна на клупата на Арсенал откако што Арсен Венгер по 22 години одлучи дека е време да го напушти лондонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Емери во претходните сезони беше тренер на ПСЖ, но во Париз не беа задоволни од неговата работа поради што на крајот не доби нов договор. Сепак, шпанскиот стратег не чекаше долго нова работа, бидејќи само неколку недели подоцна беше претставен како нов тренер на Арсенал.

За шпанскиот стратег тоа е голем предизвик, бидејќи очекувањата на „Емирати“ се големи, а тоа е и јазичната бариера. Емери не го зборува баш најдобро англискиот јазик, но пронајде начин тоа да го поправи.

Имено, тренерот на Арсенал им порача на своите играчи дека во соблекувалната смеат да зборуваат само на англиски јазик и дека тоа беше единствениот јазик на кој може да се комуницира. На тој начин Емери сака што подобро да го научи англискиот јазик, а според инфорамциите од „Емирати“ тоа му оди многу добро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Смена на селекторот на Германија по неуспехот на СП

ЈУЛИЈАН Нагелсман (38) е отпуштен од функцијата селектор на германската фудбалска репрезен…