Дома Останати Кошарка НБА Екс-соиграчот на Јокиќ ја научил лекцијата: Никогаш повеќе не пијам со него!

Екс-соиграчот на Јокиќ ја научил лекцијата: Никогаш повеќе не пијам со него!

НБА кошаркарот и до неодамна соиграч на Никола Јокиќ, Брус Браун во еден подкаст раскажа интересна приказна за забава со Србинот.

Јокиќ со својот Денвер дојде до толку посакуваната титула во НБА, а беше прогласен и за најкорисен играч во финалето. Потоа следуваше големо славје во Денвер.


Дерби до Дерби! Комплетен фудбалски викенд ↓↓↓


Играчите и навивачите заедно славеа, Браун раскажа како му било додека се забавувал со Јокиќ. Неговата цел таа вечер била да го опијани Јокиќ, меѓутоа не му одело баш најдобро.

„Цел ноќ целта ми беше да го опијанам Никола Јокиќ, но работите се свртија. Има поголемо тело од моето и не размислував баш многу. Испивме малку ракија и јас веќе бев готов. Не, повеќе не пијам со него. Ја научив лекцијата. Тој е поинаков, никогаш повеќе со него“, изјави Браун.

Во меѓувреме Браун дресот на Денвер го замени со Индијана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Joкиќ се врати на теренот со страшен трипл-дабл! 🎥

Никола Јокиќ поради повреда го пропушти претходниот натпревар на Денвер, а изминатата вече…