Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Една дилема е решена: Дали Ериксен го прележал Ковид-19 и дали се вакцинирал?

Една дилема е решена: Дали Ериксен го прележал Ковид-19 и дали се вакцинирал?

Кристијан Ериксен вчера се сруши на теренот во текот на натпреварот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство.

Во самиот финиш на првото полувреме данскиот репрезентативец се сруши на теренот и веднаш на сите и стана јасно дека нешто не е во ред со него.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јавноста најмногу ја воодушеви присебноста на Симон Кјаер кој му го извади јазикот на Ериксен и го постави во правилна положба со што му го спаси животот до доаѓањето на лекарскиот тим.

Во директниот пренос можеше да се види како останатите играчи застанаа околу Ериксен за камерите да не снимаат што се случува додека лекарите се борат за неговиот живот.

За цела среќа лекарите го пробудија и веднаш беше префрлен во болница. Натпреварот беше прекинат, потоа продолжи, но на сите мислите и беа со Ериксен.

Она што многу се коментира на социјалните мрежи е дали Ериксен го прележал коронавирусот или се вакцинирал пред почетокот на ЕУРО, односно се прашуваа дали тоа доведе да колабира на теренот.

Синоќа се игласи и главниот лекар во медицинскиот тим на Интер, кој објасни на јавноста дека Ериксен никогаш не бил заразен со коронавирусот и дека се уште не се вакцинирал.

Тој порача дека Ериксен во Интер направил неколку лекарски прегледи откако пред почетокот на 2020. година од Тотенхем пристигна во италијанскиот шампион и не биле забележани никакви проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…