Дома Македонски спорт Мак фудбал Еден гол доволен за победа на младите фудбалери против Гибралтар 🎥

Еден гол доволен за победа на младите фудбалери против Гибралтар 🎥

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска го одигра натпреварот против Гибралтар во рамките од квалификациите за Европското првенство, а во него забележавме минимална победа од 1:0.

Во еден натпревар без многу шанси македонските фудбалери ја имаа иницијативата, меѓутоа без посериозни прилики. Најголемата шанса ја пропушти Димитар Тодоровски некаде на средина од полувремето, но во таа прилика и се повреди.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На метото на Тодоровски во игра влезе, фудбалерот на дански Сондерјиски, Иван Николов.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи по седум минути игра во вториот дел кога токму Николов одлично нафрли по еден корнер, а топката со глава во мрежата на гостите ја смести Луан Абази кој само некоја минута претходно пропушти и евдна добра прилика.

Во 80. минута Абази одново влезе во идеална прилика и излезе „еден на еден“ со противничкиот голман кој го одбрани неговиот удар, па резултатот не се промени.

Со овој триумф Македонија дојде на шест бода во групата и така ги задржа шансите за пласман на Европското првенство до кое сепак имаме тежок пат бидејќи Грузија на второто место има 10. Следен предизвик за избраниците на Kaнатларовски ќе биде репрезентацијата на Шведска за пет дена исто така во Скопје од 14:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…