Бекот на англиската репрезентација Бен Вајт го напуштил кампот на селекцијата во Катар и се вратил во Англија од лични причини, објави англиската фудбалска асоцијација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерот на Арсенал нема да се врати во Катар за следните натпревари на Англија, а засега не се откриваат повеќе детали.
Во првите три натпревари 25-годишниот дефанзивец не запиша настап за Англија која обезбеди пласман во осминафиналето.
Се огласи и Арсенал со кратка порака во која му даде поддршка на Вајт, а се очекува наскоро да се дознае вистинската причина.