Дома Останати Тенис Еве кој ќе игра во женското финале на Ролан Гарос

Еве кој ќе игра во женското финале на Ролан Гарос

Трикратната победничка на Ролан Гарос и најдобра тенисерка на светот Ига Швијатек во своето четврто финале во Париз ќе игра против Италијанката Јасмин Паолини.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првото полуфинале, Швијатек ја победи Американката Коко Гауф со 6:2, 6:4 во 97 минути и на тој начин и го нанесе 11-от пораз во нивниот 12-ти меч, додека Паолини беше уште поубедлива и ја совлада 17-годишната Русинка Миро Андрејева во само 73 минути со 6:3, 6:1.

За 23-годишната Ига ова беше 18-та последователна победа на последните три турнири сезонава и 20-та по ред на терените на Ролан Гарос, каде последен пат беше поразена во четвртфиналето во 2021 година.

Во саботата таа ќе се обиде да стигне до својата трета последователна титула во Париз и вкупно пет трофеи на Грен слем турнирите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра против Шпанка во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа го дозна името на својата прва противничка во квалификациите за Вимблдон. Ка…