Откако се одиграа реваншите од сите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите, познати се и полуфиналистите на натпреварувањето.
Ждрепката одржана во Нион на 15 март ги одреди потенцијалните противници во полуфиналните натпревари, а по четвртфиналето познато е дека во полуфиналето ќе играат Реал Мадрид против Баерн и Пари Сен Жермен против Борусија Дортмунд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн ќе му гостува на Реал во првиот полуфинален натпревар на 30 април. Реваншот во Мадрид се игра на 8 мај.
Во втората полуфинална двојка прв домаќин е Борусија во меч закажан за 1 мај. Реваншот во Париз е на 7 мај. Сите натпревари започнуваат во 21:00 часот.