Новак Ѓоковиќ победи со 2-0 (6:4, 6:2) против Музети и го обезбеди своето прво финале на Олимписките игри.
Освен во одредени моменти на почетокот од вториот сет, вториот тенисер на планетата прикажа одличен тенис, на крајот од мечот и ја прослави победата како што доликува.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На новинарско прашање Ноле ја коментираше изјавата на Алкараз, кој изјави дека очекува исходот да биде како на Вимблдон.
Секој натпревар е нова приказна сам по себе. Во натпреварот влегувам со најголема желба, посветеност, тоа ќе биде најголемиот предизвик – изјави Ѓоковиќ.
Големото финале е закажано за в недела на стадионот Филип Шатриере во комплексот Ролан Гарос.