Дома Македонски спорт Мак фудбал Државата ги награди младите фудбалери за пласманот на ЕП

Државата ги награди младите фудбалери за пласманот на ЕП


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


Владата на седница донесе одлука со која се обезбедуваат и доделуваат награди за играчите и членовите на стручниот штаб на младинската фудбалска репрезентација во износ од 4.200.000 денари, како симболичен чин на благодарност и покажување на поддршка од страна на државата за пласманот на Европското првенство.

Премиерот Емил Димитриев, во среда оствари средба со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал.

Тој ги информираше присутните дека Владата на денешната седница донесе одлука со која се обезбедуваат и доделуваат награди за играчите и членовите на стручниот штаб на младинската фудбалска репрезентација во износ од 4.200.000 денари, како симболичен чин на благодарност и покажување на поддршка од страна на државата за овој нивен спортски резултат.

Тој истакна дека Владата во границите на своите ингеренции и надлежност, останува подготвена за понатамошна поддршка на младинската репрезентација во пресрет на подготовките и настапот на европското првенство за млади во фудбал, истовремено додавајќи дека Владата и понатаму ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура и со реализација на мерки за поддршка на спортот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Еден од најпознатите светски судии одржа предавање во Скопје

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ Фудбалската федерација на Македонија…