Кошаркарската Федерација на Македонија објави дека спогодбено ја раскина соработката со селекторот Драган Бајиќ.
Кошаркарската репрезентација на Македонија во августовските претквалификации за ЕП 2025 ќе биде предводена од нов селектор откако денеска Драган Бајиќ го раскина договорот со КФСМ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од оправдани причини, односно здравствени проблеми со кои се соочува во изминатиот временски период, Драган Бајиќ повеќе не е во можност максимално посветено да одговори на обврските кои со себе ги носи работењето во сениорскиот национален тим. Земајќи ја предвид потребата машката „А“ селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, информираат од Федерацијата.
Од КФСМ му се заблагодаруваат на Драган Бајиќ, како и на неговите соработници, Адмир Прасовиќ и Александар Кукриќ за досегашното работењe.