Мадридски Реал не купуваше многу ниту ова лето, ангажираа неколку млади играчи, а потоа својата желба ја исполни Флорентино Перез.
Тој веќе долго се обидува да донесе еден млад, квалитетен голман на „Бернабеу“, на крајот во тоа и успеа, со оглед на тоа дека опремата на кралскиот клуб ја задолжи Тибо Куртоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот премина од Челзи за 35 милиони евра, а се уште не го запиша своето деби во новите бои.
Кејлор Навас бранеше во Суперкупот на Европа, како и во првото коло во шпанската Примера, но се очекува Куртоа да застане на голот на Мадриѓаните за мечот од второто коло со Џирона.
Тој покажа напредок на тренинзите, па во шпанските медиуми на големо се пишува дека неговото деби би можело да следи против каталонската екипа овој викенд.
Лопетеги, на конференцијата за медиумите во пресрет на мечот најверојатно тоа и ќе го потврди, но тоа што Куртоа ќе застане на голот, не мора автоматски да значи дека стануван неприкосновен на тоа место, бидејќи Кејлор Навас најави жестока битка за споменатата позиција помеѓу стативите.