Дориан Бабунски одлично започна Во Дебрецин каде што пристигна во зимскиот преоден рок од Ботев Враца. Македонскиот фудбалер постигна два гола во минатото кола.
Веднаш по тој настап на Бабунски се појавија чудни информацвии дека иако пред само еден месец потпиша за Дебрецин би можел да се врати во Бугарија затоа што интерес покажала ЦСКА Софија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, самиот Бабунски ги демантираше таквите информации.
„Гледам дека се зборува за мое враќање во Бугарија во ЦСКА Софија, но јас не знам ништо за тоа. ЦСКА е клуб со голема традиција и со многу навивачи, но јас сега сум фудбалер на Дебрецин“, изјави Бабунски.
Меѓутоа не ја исклучува можноста да се врати во Бугарија во иднина.
„Фудбалот е спорт кој носи промени и секогаш се можни промени, никогаш не можете да знаете ништо. Зошто некогаш да не се вратам во Бугарија, вратата за враќање не е затворена. Но, како што кажав сега сум фудбалер на Дебрецин и ќе давам се за овој клуб“, порача македонскиот фудбалер.