Дориан Бабунски одлично ја започна сезоната во тимот на Ботев Враца.
Поранешниот младински репрезентативец постигна два гола и донесе победа за својот тим против Левски Софија.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Овој фантастичен настап на Бабунски му го донесе признанието фудбалер на колото во бугарското првенство.
„Благодарен сум на сите тренери кои гласаа за мене. Без помошта од мојот тим Ботев Враца немаше да стигнам до ова признание“, изјави Бабунски.
Ќе потсетиме, Бабунски и во минатата сезона беше одличен во Ботев и го спаси клубот од испаѓање, а сега најавува нова добра сезона.