Дома Фудбал Лига на шампиони Докторот за Лигата на шампионите – Кристиано Роналдо!

Докторот за Лигата на шампионите – Кристиано Роналдо!

Дали сега и дефинитивно е најдобриот играч во историјата на ова натпреварување?

Кристиано Роналдо едноставно е доктор за Лигата на шампионите, а тоа го докажа и вечерва на „Паркот на принцовите“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Роналдо го постигна водечкиот гол за Реал Мадрид и асистираше при постигнувањето на голот на Касемиро за 1:2.

Португалецот вечерва постави нов, девети рекорд во Лигата на шампионите. Имено, Роналдо постигна гол на секој натпревар оваа сезона, на осум натпревари постигна 12 погодоци, пет повеќе од Кавани и Фирмино кои го делат второто место.

Роналдо сега ги држи следниве десет рекорди во Лигата на шампионите.

Најмногу голови – 117

Најмногу голови во ¼ финалето – 4

Најмногу голови на домашен терен – 60

Најмногу голови на гостински терен – 53

Најмногу голови од слободен удар – 12.

Најмногу голови со глава – 19

Најмногу голови од пенал – 14

Најмногу голови во една сезона во ЛШ (2013/2014) – 17

Најмногу голови во групната фаза во една сезона (2015/2016) – 11

Најмногу трофеи од кога се игра во овој формат од 1992 – 4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Радамел Фалкао стана слободен играч, каде ќе ја продолжи кариерата?

Милонариос денеска официјално го потврди раскинувањето со големиот колумбиски напаѓач, Рад…