Фудбалерот на Арсенал, Санти Казорла повеќе од една година веќе не е на терените бидејќи се опоравува од повредата на зглобот.
Шпанецот заработи тешка инфракција на коската на петата и после една година сеуште се опоравува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Доколку успееш повторно да одиш со својот син во двор биди среќен“, му соопштиле докторите, открива Санти Казорла.
Докторите морале да отстранат дел од кожата на неговата лева рака и истата да ја пресадат на зглобот за операцијата да биде успешна.
Дали Казорла ќе му се врати на професионалниот фудбал тешко е да се каже, тој работи на враќањето, но после ваков хируршки зафат добро е и што може да се движи.
Казорла во Арсенал пристигна уште во 2012 година кога пристигна од Малага. Претходно четири години настапуваше за тимот на Виљареал.
#LaPortada 'El calvario de @19SCazorla' https://t.co/LD0906zacw
— MARCA (@marca) November 3, 2017