Eкс-фудбалерот на Реал Мадрид кој сега ги брани боите на Гетафе, Борха Мајорал ја доби наградата „Сара“ која се доделува за најдобриот шпански стрелец во Ла Лига.
Во минатата сезона во дресот на Гетафе тој постигна 15 голови со што беше најмногу од сите шпански фудбалери во Ла Лига.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Странците кои постигнаа повеќе голови од него се: Артем Довбик, Александар Сорлот, Џуд Белингем, Роберт Левандовски, Анте Будимир, Антоан Гризман и Јусеф Ен-Несири.
Но, додека тој ја добиваше наградата му се случила и една несреќа. Во неговиот дом избувнал пожар во кој изгорела неговата куќа, но за среќа тој и неговото семејство се добро.
Информацијата преку социјалните мрежи ја потврди неговата девојка Натали.
„Како и што објавија медиумите се случи проблем. Но за среќа јас и семејството сме добро, освен што сме преплачени нема поголеми последици. Им благодарам на сите кои изразија загриженост“, објави Флавија Натали, девојката на фудбалерот.