Дома Фудбал Италија Добри вести за Старата дама, Сари се појави на тренинг

Добри вести за Старата дама, Сари се појави на тренинг

Тренерот на Јувентус Маурисио Сари се уште се опоравува од воспалението на плуќата, но вчера се појави на тренингот на екипата. Поточно, присуствуваше на тренингот на оние играчи кои немаат репрезентативни обврски.

Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека искусниот стратег само “делумно“ го водел тренингот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Официјалното соопштение на Јувентус зборува дека Сари одлично се опоравува, па се верува дека наскоро во целост ќе се врати на своите обврски.

Сари веќе еден месец има проблеми со плуќата, а поради тоа ги пропушти и првите два натпревари во новата сезона на Серија А, против Парма и Наполи.

Во негово отсуство екипата ја предводеше помошникот Џовани Мартушело, додека Сари тренинзите на екипата ги гледаше преку видео линк.

Како што веќе е кажано, Сари вчера го предводеше тренингот со ослабена екипа поради фактот што многумина првотимци се со своите репрезентации, додека Даглас Коста и Игуаин добија дополнителни два дена одмор, па на тренинг ќе се вратат во петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Eпизодата на клупата на Фенербахче за Жозе Мурињо би можела кратко да трае бидејќи како шт…