Дома Фудбал Левандовски ја разгледува ситуацијата – има пет серозни понуди на маса

Левандовски ја разгледува ситуацијата – има пет серозни понуди на маса

Роберт Левандовски влегува во завршната фаза на договорот со Барселона. На масата има дури пет сериозни понуди од странство. Конечната одлука ќе ја донесе само по претседателските избори во клубот.

Полскиот напаѓач, кој има 37 години и чиј договор со Барселона истекува на 30-ти јуни, нема да брза со одлуката за продолжување на кариерата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Иако времето полека му истекува, Левандовски планира да почека до април, односно да поминат претседателските избори во каталонскиот клуб, кои се закажани за 15-ти март.

Само тогаш, според информациите од неговата околина, ќе се седне и сериозно ќе ги анализира сите опции кои ги има на маса.

А опциите не се малку. Дури пет конкретни и сериозни понуди пристигнале на неговата адреса за продолжување на кариерата надвор од Камп Ноу.

Интересот на Чикаго Фајар од МЛС веќе неколку месеци се провлекува низ медиумите. Германскиот Bild уште во декември ја отвори оваа приказна, а од тогаш не е стивната. Чикаго, меѓутоа, не е единствената опција. Во игра се уште АЦ Милан, Атлетико Мадрид, Фенербахче, како и клубови од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико најде замена за Гризман и тоа во ПСЖ!?

Полека се ближи крајот на една ера, Антоан Гризман го напушта Атлетико Мадрид, каде што ос…