Дома Фудбал Гвардиола повторно се жали: “Исцрпени сме, не е нормално да се игра толку многу натпревари”

Гвардиола повторно се жали: “Исцрпени сме, не е нормално да се игра толку многу натпревари”

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, јасно порача што му е приоритет пред дуелот од четвртото коло на ФА Купот против Салфорд Сити, да обезбеди пласман понатаму, без калкулации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот стратег не сака никакви изненадувања и нагласува дека во моментов најважно му е неговиот тим да си го обезбеди местото во следната фаза на натпреварувањето.

„Мојот приоритет е да го победиме Салфорд и да се пласираме во следното коло. Последниве години беше величествено тоа што го правевме, игравме финалиња и полуфиналиња“, изјави Гвардиола.

Сепак, Сити не успеа да дојде до титула во последните две финалиња, што дополнително ја зголемува мотивацијата во актуелната сезона.

„За жал, не успеавме да освоиме во последните две финалиња, но дури и само да бидеш таму е успех. Секогаш така размислувам и се надевам дека ќе имаме долга недела, затоа што мислам дека ни е потребна“, додаде тренерот на Граѓаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …