Дома Фудбал Ханзи Флик влезе во соблекувалната на Барселона, а потоа…

Ханзи Флик влезе во соблекувалната на Барселона, а потоа…

Барселона е на чекор од испаѓање од финалето на Купот на кралот. Атлетико ги разби во првиот натпревар со 4:0, па каталонците ќе им треба чудо за да се пласираат за новиот трофеј.

Тренерот Ханси Флик е повеќе од бесен. Изутрина влезе во соблекувалната и им одржа лекција на своите фудбалери.

Не ги поштеди. Користеше тежок речник и играта ја нарече недостојна за клуб како што е Барселона.

“Ханси Флик изутрина влезе во соблекувалната. На играчите јасно им стави до знаење дека им недостасуваше дух, интензитет и амбиција.”

“Таквиот пристап го нарече недостоен за тим што сака трофеи и што е дојден на чекор до финалето. Побара од играчите поразот да го сфатат како лекција и целосно да се фокусираат на Жирона”, пренесува Mundo Deportivo.

Германскиот стручњак посебно истакна неколку поискусни играчи, од кои побара да преземат поголема одговорност на теренот. Како што пишуваат каталонските медиуми, поединци се обидоа да објаснат дека тимот психолошки паднал по вториот гол на Атлетико, но Флик за тоа немаше многу разбирање.

Во соблекувалната владееше потполна тишина додека тренерот зборуваше, а дури на крајот од состанокот неколку лидери во екипата се јавија и ветија поинаков настап во следните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …