Дома Фудбал Омерагиќ: Сега треба да покажеме колку треба да вредиме!

Омерагиќ: Сега треба да покажеме колку треба да вредиме!

Извлекувањето за петтото издание на Лигата на нации донесе сериозен предизвик на најдобрата македонска репрезентација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во групата од сегментот Б ќе се соочиме со селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.

По ждрепката во Брисел, своите впечатоци ги изнесе претседателот на федерацијата, Масар Омерагиќ.

„Убаво е повторно да се види Македонија во вакво друштво, меѓу силни репрезентации. Објективно гледано, извлековме силни противници. Швајцарија и Шкотска, репрезентации кои веќе изборија пласман на Светското првенство и Словенија која исто така е квалитетна селекција. Но, во Б сегментот сите противници се силни. Сепак, Македонија веќе многупати покажа дека знае најдобро да игра против силни ривали, па очекувам и овојпат да бидеме на високо ниво, а навивачите да уживаат во натпреварите.

Веруваме во селекторот, веруваме во фудбалерите и ќе имаат максимална поддршка да ги остварат сите цели. Треба да одиме чекор по чекор. Нема потреба да бегаме од силни противници. Квалитетот се докажува токму на вакви натпревари, со карактер и со желба. Оваа група ќе ни овозможи јасно да видиме кои се нашите реални можности и каде сме во однос на најдобрите.

Ако некој посакува да играме само во Ц или Д дивизија за да победуваме, тоа е залажување самите себеси. За фудбалерите, ваквите натпревари треба да претставуваат уживање, но и вистински тест. На вакви дуели се станува фудбалер. Во оваа група навистина треба да видиме колку вредиме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Директорот на Вардар се извини за вчерашното видео кое предизвика бурни реакции

Фудбалерите на Вардар вчера ја освоија титулата шампиони на Македонија по шест години пауз…