Дома Фудбал Модриќ го спаси Милан

Модриќ го спаси Милан

Милан се доближи на 5 поени до водачот во Серија “А” Интер, откако оствари измачена победа со 2:1 при гостувањето кај новакот Пиза.

Во херој за “росонерите” се претвори Лука Модриќ. Хрватскиот ветеран му го донесе успехот на својот тим со прекрасно погодок во 85-тата минута. Пред паузата, Рубен Лофтус-Чик му даде предност на Милан, но Фелипе Лојола израмни во 71-та минута при една од ретките можности за домаќините.

Во 54-тата минута, Страхиња Павловиќ се вклучи во офанзивата и по двојното додавање влезе во шеснаесетникот, каде беше соборен од Фелипе Лојола. Судијата Микаел Фабри веднаш покажа на белата точка, а зад топката застана Фјулкруг, но искусниот Николас го одбрани ударот на Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јуве носи трио од Милано, Манчестер сити и Лајпциг!?

Се заврши летниот преоден рок, а во Јувентус веќе имаат конкретни планови за следното лето…