Карим Бензема го продолжи договорот со Реал на уште една година.
Според „АС“, повикувајќи се на висок извор од Реал, деталите за продолжувањето на договорот се договорени и Бензема ќе остане во Мадрид уште една сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се наведува, Бензама постигнал договор со Флорентино Перез, кој во 2009 година го донесе во Реал од Лион.
Ова многу веројатно е и последен договор на Бензема со Реал Мадрид бидејќи во декември ќе наполни 36 години. Сепак, се очекува Бензема да остане во клубот со некоја друга функција по завршувањето на кариерата.
Досега Французинот имаше договор кој истекуваше во јуни 2024 година, а продолжувањето дојде како активирање на клаузулата за Златната топка која Бензема ја имаше во договорот.
Од доаѓањето во Реал, Бензема одигра 640 натпревари, постигна 349 гола (втор по бројот во историјата на клубот), додаде 165 асистенции (најдобар асистент во клубот на сите времиња), освои 24 пехари (втор во историјата на Реал), ја освои УЕФА Најдобра награда и еднаш Златната топка.