Дома Фудбал Италија Ди Марија: Одиме да ги освоиме Лига Европа и купот, а дали ќе останам не знам

Ди Марија: Одиме да ги освоиме Лига Европа и купот, а дали ќе останам не знам

Фудбалерот на Јувентус, Анхел Ди Марија истакна дека неговата екипа ќе се обиде оваа сезона да ја освои Лига Европа и Купот на Италија со што сезоната би можела да се смета за успешна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус како што е познато беше казнет со 15 бодови и во овој момент не е во борба за титулата, но дури и бодовите да се вратат како што се последните најави, Наполи и понатаму би имал голема предност.

Ди Марија беше стрелец во вчерашниот натпревар против Фрајбург во осминафиналето од ЛЕ.

„Среќен сум што и помогнав на екипата и се надевам дека така ќе продолжиме до крајот на сезоната. Ќе дадеме се од себе да ја освоиме Лигата на Европа, тоа е една од нашите цели. Ќе се обидеме да ги освоиме овие два трофеи“, изјави Ди Марија за „Скај Италија“.

Новинарите го запрашаа и дали ќе остане во Јувентус и наредната сезона.

„Ќе разговараме, не знам. Тука сум среќен и можам да почувствувам поддршка од навивачите, на почетокот ми беше малку тешко“, истакна Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скршен од болка: Погледнете ја реакцијата на Роналдо откако беше откажано шампионското славје на Ал-Наср (Видео)

Играчите на Ал-Наср вчера вечерта имаа можност со победа над Ал-Хилал да станат шампиони н…