Фудбалерот на Пари Сент Жермен, Анхел ди Марија е на чекот од заминување од клубот, но ваков расплет на ситуацијата никој не очекуваше.
Ди Марија во финишот на преодниот рок беше могу блиску да се пресели во Барселона, но ПСЖ го стопираше тој трансфер, па сега Каталонците се откажаа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Светците“ мораат да го продадат Ди Марија во јануари поради финансискиот фер-плеј, а последните информации говорат дека Аргентинецот нема да заврши во некој европски гигант.
Француските медиуми пренесуваат дека Ди Марија во јануари би можел да се пресели во Кина, бидејќи од таму се очекуваат најголемите понуди.
Ди Марија веројатно нема да биде задоволен од ваквиот расплет, но медиумите тврдат дека до нега пристигнала богата понуда од Кина која го ставила на размислување.
Тешко дека некој европски гигант ќе може да ја израмни понудата на богатите Кинези!