Дома Фудбал Лига на шампиони Динамо Загреб најлош тим во историјата на Лига на шампиони!

Динамо Загреб најлош тим во историјата на Лига на шампиони!


Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!? ↓↓↓



Со поразот од Јувентус во последниот натпревар од групната фаза, Динамо Загреб и официјално стана најлошит тим во историјата на Лига на шампиони.

16 клубови биле во иста ситуација како Динамо Загреб без поени по 6 натпревари во групата, но на ниту еден тоа не му се случило во две сезони. Со 11-тиот пораз по ред во групната фаза, Динамо постигна апсолутен негативен рекорд во Лигата.

Динамо е еден од трите клуба кои не постигнале гол во шест натпревари во групата. Тоа му се случи само на Депортиво (2004-2005) и Макаби Хаифа (2009-2010), но и двете екипи беа со помал „минус“ во споредба со Динамо.

Депортиво имаше гол-разлика 0:9 во А групата, но со два бода, како последнопласирана екипа во конкуренција на Монако, Ливерпул и Олимпијакос, а Израелците не освоија ниту еден бод и со гол-разлика 0:8 беа фенерџии во А групата зад Бордо, Баерн и Јувентус во 2009/10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

УЕФА му задава тежок удар на Јувентус!?

Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!? ↓↓↓ Нови лоши ве…