Првиот голман на репрезентацијата на Македонија, Столе Димитриевски изјави дека не е сигурен дали ќе остане во Рајо Ваљекано и наредната сезона. На Димитриевски откако заврши сезоната во Ла Лига во мислите му е репрезентацијата бидејќи на 7-ми и 10-ти јуни во Скопје играме два натпревари од квалификациите за ЕП.
Во последните денови од минатиот преоден рок Димитриевски направи трансфер од Гимнастик во Рајо Ваљекано, а после добрата сезона која ја имаше го сврте вниманието на Валенсија и Бетис кои покажаа интерес за неговите услуги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарите по завршувањето на сезоната ги интересираше дали Димитриевски ќе остане во овој шпански клуб и наредната сезона.
„Навистина не знам дали ќе останам во Рајо. Сега мислам само на Македонија и настапот за репрезентацијата. Не се оптоварувам со тоа, имам менаџер кој се грижи за таа работа и ќе разговараме кога ќе дојде време. Одлуката која ќе биде донесена ќе биде во интерес на сите“, одгвори Димитриевски.
Димитриевски иако имаше добра сезона и често добиваше пофалби неговиот Рајо испадна од Ла Лига.
„Ако гледаме на инидивудално ниво мојата прва сезона беше одлична. Одиграв повеќе од 20 натпревари и среќен сум како бранев. Не успеавме да опстанеме од повеќе причини. Имаме добар тим, но потребна ви е и среќа“, порача македонскиот голман.
Потоа зборуваше за репрезентатицијата.
„Да се игра за Македонија за мене е најдоброто чуство во светот. Бранам за мојата земја и со гордост го носам дресот“, истакна Димитриевски.