Дома Фудбал Останато Дида за мистеријата пред финалето на СП 1998: Сите бевме загрижени, никој не знаеше што е со Роналдо

Дида за мистеријата пред финалето на СП 1998: Сите бевме загрижени, никој не знаеше што е со Роналдо

Пред финалето на Светското првенство во 1998 година помеѓи домаќинот Франција и Бразил Роналдо како прва ѕвезда на својата селекција едноставно исчезна.

Тогаш 21 годишниот Роналдо беше голема ѕвезда на Бразил во текот на Мундијалот во Франција, но на нешто повеќе од еден час пред натпреварот како бомба помеѓу играчите одекнала веста дека Роналдо нема да биде во првите 11. Јавноста и навивачите ништо не знаеа.

Роналдо претходно кажа дека претрпел напад и дека бил приморан да оди во болница, а со години мистерија е што се случувало тој ден. Светски познатиот кардиолог Бруно Кару раскажа дека Роналдо се наоѓал во неприордна положба која го притиснала неговиот мал орган на каротидната артирерија која ги контролира отчукувањата на срцето и крвнот такт.

Голманот Дида сега зборуваше како сите биле загрижени кога им било кажано дека Роналдо нема да игра.

„Сите изгледаа чудно и молчеа што беше невобичаено за Бразилците на Светските првенства. Некој кажа дека Роналдо не е добро и дека отишол во болница. Уште никој не знаеше што се случило. Кога отидов на стадионот тој беше во болница и сите бевме загрижени и тажни затоа што не знаевме што се случува. Кога дојде и кажа дека ќе игра беше тоа експлозија од радост. Сите знаевме колку Роналдо е важен“, изјави Дида.

Сепак тоа не беше вистинскиот Роналдо и Бразил изгуби со 3:0 од Франција. Четири години подоцна Бразил повторно беше во финалето на Светското првенство тогаш работите беа подобри. Роналдо постигна два гола, а Бразил ја победи Германија и застана на тронот на светот.

Дида кажа дека пред тоа финале атмосферата била далеку поинаква.

„Многу беше различно. Игравме голф, се забавувавме…Се разбудивме среќни и спремни за натпреварот“, објасни легендарниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големи критики за Пике: Тој е второкласен и просечен играч

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и интернационалец на Аргентина (освојувач на Светско…