
Јувентус упати понуда за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез. Понудата е со вкупна вредност од 10 милиони евра, од кои 3 милиони се во бонуси. Двата клуба се блиску до договор. Личните услови нема да претставуваат проблем.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот гигант се насочи кон 33-годишниот аргентинец, откако трансферот на Зион Сузуки пропадна. Јапонскиот репрезентативец беше на чекор од преминување во ПСЖ, а договорено беше тој да биде под наем во Јуве за следната сезона. Барањата на агентот на Сузуки, сепак, ја урнаа зделката.
Мартинез второ лето по ред е на чекор од заминување од „Вила Парк“. Минатата година тој преговараше со Манчестер Јунајтед, но трансферот не се реализираше. Тој има договор со бирмингемци до 2029 година.