Дома Фудбал Останато Де Лаурентис има предлог: Со вакво натпреварување УЕФА би добила 10 милијарди евра

Де Лаурентис има предлог: Со вакво натпреварување УЕФА би добила 10 милијарди евра

Според изјавата на првиот човек на Наполи тој повеќе сака неговиот тим да игра против европските гиганти.

Наполи го победи Ливерпул, а потоа изгуби бод на „Паркот на Принцовите“ во последните минути, одиграа реми и против Звезда на стартот од групната фаза.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега Де Лаурентис има предлог за УЕФА да формира ново натпреварување од кое според него Европската куќа на фудбалот ќе инкасира 10 милијарди евра.

„Да направиме Европска лига, место Лига на шампионите. Во таа Европска лига би играле само клубови од Англија, Франција, Италија, Германија и Шпанија. Четирите најдобри клуба од овие првенства, така би имале 20 тимови. Сигурен сум дека едно вакво натпреварување на УЕФА ќе и донесе 10 милијарди евра! Нека се игра само еден натпревар, а ждребот ќе одлучи кој да биде дома или гости. Натпреварите може да се играат вторник, среда и четврток“, истакна Де Лаурентис.

Не е тајна дека одредени богати клубови се борат за ново европско натпреварување, како споменатата Европска лига, но засега УЕФА тоа не го дозволува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го имаше своето деби синоќа за новиот тим Ванк…