Дома Фудбал Англија Дејвид Мојс и Вест Хем се разделија

Дејвид Мојс и Вест Хем се разделија

Премиерлигашот Вест Хем денес официјално објави дека Дејвид Мојс нема да го предводи тимот следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


55-годишниот Мојс пристигна во ноември после отказот на Славен Билиќ и успеа да избори опстанок со „чеканите“, но имаше договор само до крајот на сезоната.

Двете страни не можеа да се договорат за долгорочна соработка и денес клубот од Лондон соопшти дека ја прекинува соработката со шкотскиот стратег.

Под водство на Мојс клубот забележа девет победи, 10 нерешени исходи и 12 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски многу близу до двегодишен договор во МЛС

За првпат во својата кариера Роберт Левандовски ќе игра надвор од Европа. На 37-годишна во…