Дома Трансфер зона Деулофеу се враќа во Серија А, но не во Милан

Деулофеу се враќа во Серија А, но не во Милан

Крилниот напаѓач на Ватфорд, Жерард Деулофеу е многу блиску до враќање во Серија А.

Италијанските медиуми тврдат дека Шпанецот повторно сака да се врати во Милан и преку својот агент му се понудил на италијанскиот клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа, „росонерите“ ја одбиле таквата можност, а најсериозен интерес за неговиот потпис покажува Наполи.

Наполи е во потрага по крилен напаѓач и веќе започнал преговори со неговиот агент, па во наредните денови ќе испрати понуда до Ватфорд.

Ватфорд испадна во втората лига и нема да му стои на патот на Шпанецот, а за неговата слобода бара помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…