Дома Трансфер зона Милан во финални преговори за трансфер на Деулофеу

Милан во финални преговори за трансфер на Деулофеу

Милан е во потрага по крилен напаѓач, а во моментов прво име на листата е шпанскиот интернационалец, Жерард Деулофеу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ се откажаа од Караско поради високите барања на играчот и кинескиот клуб, па сега Белгиецот е многу поблиску до трансфер во Интер.

Поради тоа Милан се насочи кон Деулофеу и започна преговори со Ватфорд, кој за неговата слобода бара 25 милиони евра, пренесува „Газета дело Спорт“.

Денес е клучен ден во преговорите на двата клуба, ќе се обидат да најдат заеднички јазик, бидејќи Деулофеи изрази желба да се врати на „Сан Сиро“.

Меѓутоа, Милан сака играчот да го добие на 6-месечна позајмица со право на откуп за 20 милиони евра следното лето.

Останува да видиме дали англискиот клуб ќе ја прифати ваквата понуда на миланскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…