Дома Најава Дерби на денот: Манчестер Јунајтед – Тотенхем!

Дерби на денот: Манчестер Јунајтед – Тотенхем!

0

Сезоната е на почетокот, ова е дуел од третото коло но веќе Жозе Мурињо се соочува со многу негодувања околу играта на Јунајтед. Од друга страна Тотенхем стартуваше според очекувањата и забележа две стартни победи.

Сепак на прес-конференцијата пред натпреварот Мурињо смируваше и најави дека на овој натпревар неговите момци ќе одиграат онака како што се очекува од нив.

Веќе е јасно зошто Мурињо сакаше уште еден бек

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед прво победија над Лестер, во меч во кои реално беа надиграни. Среќата беше на нивна страна па некако ги освоија првите три бода. Но во минатото коло доживеаа пораз од слабиот Брајтон со 3:2. Беа добри во нападот, ја имаа топката во свој посет и создадоа неколку добри прилоки за гол, но во одбраната беа катастрофални.

Минатата сезона барем одбраната изгледаше прилично цврста, но сега се чини дека токму тој дел од тимот ќе му создава најголеми главоболки на Мурињо. Гледајќи ги Ерик Баили и Виктор Линделоф, може да разбереме зошто Мурињо беше толку заинтересиран да добие уште еден бек во преодниот рок.

Солиден старт за Спарс

Тотенхем мораше да се справи со некои турбуленции пред почетокот на оваа сезона. Прво одложувањето на отворањето на нивниот нов стадион со право ги разочараа фановите. Потоа нивната неактивност на трансфер пазарот беше разочарувачка. Тотенхем е единствениот тим во Англија кој не донесе ниту еден нов фудбалер во својот тим.

Среќа што сеуште го имаат Маурицио Покетино кој е тренер кој не сака премногу промени. Тие мораа да се помачат против Њукасл во првото коло но славеа со 1:2. Сепак веќе во второто коло имаше повеќе флуентност против Фулам. Можен проблем за Покетино е презаситеноста на неговите фудбалери, ако се знае дека речиси целиот негов тим играше на Светското Првенство во Русија.

Прашање е дали овие два резултати целосно ги ставаат сите нивни грижи на страна? Најверојатно не. Но, моралот во тимот на Спарс треба да биде многу подобар од нивните противници. Затоа тие се надеваат дека ќе ја обезбедат својата прва победа на Олд Трафорд од јануари 2014 година.

Целиот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јунајтед најде замена за Лукаку, Елмас лета за Италија, Милан купува „јорганџија“

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер паза…