Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Денот „Д“ за Јуве и Барса, излез или продлабочување на кризата!?

Дерби на денот: Денот „Д“ за Јуве и Барса, излез или продлабочување на кризата!?

Еден од натпреварите кој привлекуваат најголемо внимание во групната фаза во Лигата на шампионите сезонава ќе се одигра во Торино во среда вечерта, каде Јувентус е домаќин на Барселона во реприза на финалето од 2015 година.

Коронавирусот е пречка за навивачите да уживаат во многу очекуваната средба меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но сепак ова е меч кој не смее да се пропушти и ќе биде најгледан на малите екрани. Ова е прилика и за двете екипи, за два клуба со легендарни фигури како екипи со нови менаџери кои сакаат да остават свој белег во тимовите.

Јуве по јубилејната 100-та победа во ЛШ, Пирло по одмазда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пресметката во среда ќе биде 200-та на Јувентус во Лигата на шампионите, а евентуалната победа ќе го направи Јуве првиот италијански тим со 100 победи во ова натпреварување – две големи нешта и достигнувања што би сакале да ги достигнат токму против тим со квалитетот на Барселона.

Андреа Пирло не сака да се сеќава на неговата последна пресметка со Барса, што беше и негов последен настап во дресот на Јувентус, бидејќи Барселона го победи Јуве во финалето во Лигата на шампионите во 2015 година.

Сега тој е менаџер на Јувентус и се подготвува за својот прв натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите како менаџер. Поставувањето на Пирло на менаџерското место беше изненадување со оглед на тоа што само неколку дена претходно тој беше тренер на екипата Јуве до 23 години, а резултатите и перформансите на тимот досега не се целосно убедливи.

Повеќегодишниот шампион во Серија А, кој се залага за 10-та последователна титула во земјата, во моментов е само петти по пет одиграни натпревари.

Голот во 77-та минута на Дејан Кулушевски против Верона го спречи Пирло да го претрпи првиот пораз како менаџер на Јувентус викендов. Со тоа тие извлекоа три нерешени од последните четири меча во Серија А.

„Бјанконерите“ не беа целосно убедливи на ниту еден натпревар, иако имаа добар и победничкиот старт на гостувањето кај Динамо Киев во Лигата на Шампионите.

Секако, отсуството Роналдо кој е позитивен на Ковид-19 е голем проблем за тимот, но тоа никако не смее да биде алиби за Пирло.

Куман влезе во проблемите на Барса

Новиот шеф на Барса, Роналд Куман првично се чинеше дека е стабилен победувајќи ги Виљареал и Селта Виго со гол разлика 7:0 на неговите први два натпревари на кормилото на тимот, но оттогаш клубот го зафати криза.

Во позадина на сите случувања и поделби во соблекувалната, Барса освои само еден бод од последните три натпревари во Ла Лига. Одиграа нерешено со Севиља, па следеа два порази прво од Гетафе со 1:0, па во Ел Класико од Реал Мадрид на домашен терен со 1:3.

Поразот на домашен терен од најголемите ривали е секогаш значителен удар и може да остави трага врз екипата.

Каталонскиот гигант се наоѓа на 12-тото место во Ла Лига по пет одиграни натпревари, веќе седум бода помалку од  лидерот Сосиедат и со само седум бода зад своето име.

Убедливата победа на отварањето на Лигата на Шампиони над Ференцварош, кога пет различни играчи се запишаа во листата на стрелците, е единствената победа на последните четири меча во сите натпреварувања.

Барса никогаш не го победила Јуве на гости, а Јуве ретко губи дома во ЛШ

Интересно е тоа што Барса никогаш не победила на гостински терен против Јувентус, иако нивниот вкупен резултат против италијанските тимови е далеку поимпресивен – без порази во последните шест меча и само два пораза од последните 18 натпревари против италијански екипи.

Шпанските гиганти имаат застрашувачки рекорд и во групната фаза – немаа пораз во последните три сезони и загубија само еден од последните 17 вакви натпревари на гости.

Како и да е, во европските натпревари како целина, Барса има само шест победи во последните 17 натпревари на гости, а веќе повеќе од две години нема победа од повеќе од еден гол.

Од друга страна, италијанските гиганти ги добија последните четири натпревари на домашен терен во Лигата на шампионите и загубија само четири од 42 настапи во Европа на стадионот „Алијанц“, иако три од нив дојдоа на последните 10 натпревари.

И двете екипи со дефанзивни проблеми

Сите погледи ќе бидат свртени кон Роналдо и дали тој може да врати со негативен тест за коронавирус, што би овозможило да игра против Барселона и Меси за прв пат по заминувањето од Реал Мадрид.

Роналдо постигна 15 гола на последните 20 настапи против Барселона во сите натпреварувања, а да не спомнувам дека е водечки стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите, пред повеќегодишниот ривал Меси.

Јувентус има многу други проблеми со повредите на друго место, па по Киелини се повреди и де Лигт на во одбраната. И двајцата играчи се очекува да го пропуштат овој натпревар, додека константното отсуство на Алекс Сандро дополнително ги ограничува нивните опции во одбраната.

Во меѓувреме, Барселона ќе остане без суспендираниот Пике, откако беше исклучен во победата од 5:1 над Ференцварош на првиот натпревар.

На Самуел Умтити исто така му недостасува физичка подготвеност за натпревар, што значи дека Роналд Араухо најверојатно ќе биде партнер на Климент Ленглет во срцето на одбраната.

Отсуството на тер Штеген дополнително го ослабува задниот дел на Барселона, со што Нето се очекува повторно да биде прв избор на голот, додека на другиот крај Филип Кутињо исто така е надвор од теренот по проблеми со тетивата.

Можен почетен состав на Јувентус:

3-4-1-2 – Шчесни; Демирал, Бонучи, Данило; Киеза, Бентанкур, Рабиот, Куадрадо; Ремзи; Дибала, Мората

Можен почетен состав на Барселона:

4-2-3-1 – Нето; Дест, Араухо, Ленглет, Алба; Пјаниќ, Де Јонг; Дембеле, Меси, Фати; Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…